(Рецепт) ЕФИКАСНО И НАВИСТИНА ДЕЛУВА: Испрскајте ги вратите и прозорците со ОВАА МЕШАВИНА и заштитете го домот од „смрдулките“

Со првите есенски зраци, смрдулките повторно почнаа да влегуваат во домовите, барајќи место за зима.
Еве 7. начини трајно да ги истерате овие бубачки од вашата куќа или стан:
1. Ставете мрежи на прозорците што ќе спречат да влезат во вашиот дом.
2. Ако видите смрдулка во вашиот дом, фатете ја со хартиена крпа или пластична кеса и фрлете ја во тоалетот и пуштете вода. Бидете внимателни да не ја смачкате за да не ја почувствувате таа страшна смрдеа.


3. Направете спреј мешајќи четири лажици лук во прав во 16 лажици вода. Или изгмечете 4 чешниња лук во половина литар вода и оставете го да отстои 24 часа. После тоа, ставете ја водата со лук во распрскувачот и испрскајте ги рамките на прозорецот, мрежите на прозорците и вратите, како и сите места каде што можат да влезат овие смрдулки. Мирисот на лук ќе ги избрка овие напасници.
4. Ако не ви се допаѓа мирисот на лук, наместо тоа користете нане. Измешајте го есенцијалното масло од нане со вода за да го направите мирисот поинтензивен и со овој спреј испрскајте ги рамките на прозорецот и вратата и другите пукнатини низ кои смрдулката може да влезе во вашиот дом.
5. Истурете 1 лажица детергент за алишта во сад со вода (околу 2 литри вода) и мешајте додека не се стопи детергентот. Потоа од смесата со лажица за матење нанесете на местата, односно завесите и ѕидовите по кои смрдулките се искачуваат – тие брзо ќе се задушат.


6. Направете раствор од 200 мл вода, 200 мл оцет (алкохол) и 100 мл сок од лимон. Испрскајте ги рамките на прозорците и вратите, како и пукнатини. Смрдулките ќе избегаат од овој мирис.
7. Решението со лутите пиперки е најсилниот спреј за кој е докажано дека одбива смрдулки. Потребни ви се 3 лути пиперки, 3 чешниња лук, 300 мл сапун. Исечкајте ги пиперките и лукот и додајте ги во сапунот. Покријте со крпа и оставете сè да стои преку ноќ. Исцедете ја смесата утре, па истурете ја во распрскувач со кој ќе ги попрскате вратите и прозорците, sидовите и другите пукнатини.
Смрдулките нема да имаат шанса. Ќе го заобиколуваат вашиот дом во голем круг!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

10 ефтини и здрави намирници што треба да ги имате во вашето мени

КОМБИНАЦИЈАТА на губење работа и поскапување на одредени намирници натера многу луѓе да размислат што …