(ВИДЕО) Нова серија на Нетфликс: Трагедија на пејачката која ја играла Џеј Ло

Нетфликс го објави датумот на излегување на серијата „Selena: The Series“. Главната улога и припадна на Кристијана Сератос, ѕвездата на серијата „The Walking Dead“. Таа ќе биде втората актерка која ја игра славната, покојна пејачка од Тексас, која ја играше Џнифер Лопез во неверојатна изведба во филмот „Селена“ од 1997. година.


Серијата ќе се состои од два дела, а „сонувачкиот“ трејлер не открива многу, па гледачите имаат за што да шпекулираат.
Серијата ја направија Мозес Замора и Дон Тод, а освен Кристијана, актерската екипа ја сочинуваат Габриел Кавари, Џулио Масијас,Џес Поси, Хантер Рис Пења и Карлос Алфредо Јуниор.
Да потсетиме, Селена беше популарна пејачка и најпродавана латино изведувачка од 90-тите. Таа беше убиена од нејзината пријателка и поранешна менаџерка, Јоланда Салдивар, со пиштол, во Тексас во 1995 година.

„Selena: The Series 1“ ќе биде премиерно прикажана на стриминг сервисот Нетфликс на 4. декември 2020. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Исповед на глумицата Дора Липовчан: „Силувана сум и 15. години молчев за тоа!“

Актерката Дора Липовчан открила дека била сексуално злоставувана како млада девојка. „Ме силуваа многу пред …