(ФОТО) ШОКИРАЛА СО НАЧИНОТ НА КОЈ ГИ ШТИТИ СВОИТЕ ДЕЦА ОД КИДНАПИРАЊЕ: „Ќе направам се’ за да ги заштитам“, а во коментарите се вели – „Па тие не се учиња!“

Безбедност или параноја?
30-годишната Џема Фримен презела крајни мерки на претпазливост за да ги заштити своите деца. Имено, Британката купила уред сличен на лисици, кој им го става на децата и на неа кога ќе ја напуштат куќата, поради зголемувањето на случаите на киднапирање на деца во нејзиното соседство.
Нејзините две деца, тригодишната Џесика и осумгодишниот Захари, секогаш го носат уредот во јавност. Тоа е слично на нараквицата за зглоб со дополнителен заштитен прекинувач што спречува излизгување на раката на децата.
Гема тврди дека разговарала со децата за непознати лица и за причините за носење на уредот, а тие наводно не се противат на таквата заштита.
Таа споделила фотографија од уредот на Фејсбук, а нејзините мерки на претпазливост ги поделило луѓето во коментарите.

I wanted to share this with you. I've been feeling extremely anxious with all the child snatching incidents going on in…

Gepostet von Jemma Freeman am Mittwoch, 30. September 2020

Иако некои ја пофалиле дека се грижи за безбедноста на децата, други ја осудиле дека отишла далеку, споредувајќи ја ситуацијата со ставање куче на поводник.

Gepostet von Jemma Freeman am Dienstag, 27. Juni 2017

„Дури неодамна започнав да го користам затоа што сум загрижена поради неодамнешните настани. Јас го користам и за двете деца ако се во несигурна ситуација. Добив неколку негативни коментари од други родители, што навистина ме вознемири. Тие ми рекоа да се грижам повеќе за моите деца и дека тие не се кучиња. Јас сум целосно свесна за тоа, но кога децата ќе бидат одземени од нивните родители, мислам дека треба да се преземат построги мерки. Како мајка, ќе сторам се за да ги заштитам. Има многу добро во светот, но за жал се случуваат и работи кои не се толку добри“, рекла Џема.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Сите благодети на кафето: Ги намалуваат шансите за рак, го подобруваат памтењето…

Умерената потрошувачка на кафе (до 4 филџани на ден) всушност го продолжува животот Иако честопати …