(ФОТО) Продолжуваат успесите на „Преспав“: Втора година по ред ќе ја освојува и’ Бугарија!

Домашниот феномен „Преспав“ продолжува да ја освојува регионалната публика. Со вкупно 102 емитувани епизоди во рамките на 4 сезони, оваа ТВ серија во продукција на ОХО Продукција руши рекорди на гледаност веќе 5 години по ред кај нас, а втора година по ред и во соседната Република Бугарија.


По ланскиот „бум“ кој го предизвика емитувањето на „Преспав“ на бугарската bTV Comedy, фановите на серијата ќе можат повторно да уживаат во извонредната игра на нашите актери и комичните ситуации од нивното секојдневие, бидејќи во средата, на
07.10.2020 година започна со емитување четвртата сезона на „Преспав“ на bTV Comedy.


Како и претходно, гледачите ќе можат да уживаат и да се смеат заедно со браќата Бузалевски, Талат, Јелена, Ула, Наим и другите преспавски јунаци, и тоа со преводи на бугарски јазик, секој работен ден во ударен термин од 20:30 часот.


„Преспав“ е првиот македонски ТВ продукт кој се емитува пред бројната бугарска публика. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и во периодот што претстои, но и дека успесите на „Преспав“ нема да запрат тука, па така домашната и регионалната
публика ќе имаат можност наскоро да уживаат и во нови епизоди.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(Рецепт) Манастирски напиток кој „крева од мртви“

Сè ќе ви биде јасно кога ќе ви кажеме дека главните состојки на лековитиот манастирски …