(ФОТО) ПОСТИГНАЛЕ ДОГОВОР СО ПАПАРАЦИТЕ: Хари и Меган ја запреле дистрибуцијата на фотографиите на нивниот син Арчи

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган постигнаа договор со позната агенција за фотографии која без одобрение го фотографирала, дома, нивниот малолетен син.
Војводата и војвотката од Сасекс поднесоа тужба во јули во која се наведува дека неименувани папараци го фотографирале нивниот син Арчи од беспилотни летала и хеликоптери „нелегално“ во приватната резиденција на семејството во Калифорнија кога имал 14. месеци.


Судските документи поднесени до Високиот суд на округот Лос Ангелес во четвртокот покажуваат дека фото-агенцијата „Х17“ се согласила да ја запре дистрибуција на слики во кои Арчи е прикажан со неговата баба по мајка, во градината во семејната резиденција и да ги предаде оригиналните слики и сите копии.


Покрај тоа, „Х17“ му се извинила на семејството.


Агенцијата исто така се согласила да плати дел од правните трошоци на семејството, изјавил пред новинарите нивниот адвокат Мајкл Камп.
Меган, Хари и Арчи сега живеат во Лос Ангелес откако парот се повлече од кралските должности на крајот на март.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Меланија Трамп со една фотографија ја открила вистината за разводот: Никој не го очекувал ова!

Се шпекулираше дека Словенката само чека погоден момент да го напушти, но сепак се чини …