(ФОТО) „И ја удирал главата од радијатор“: Манекенката споделила ФОТОГРАФИИ после бруталниот ќотек!

Оваа храбра жена решила да сподели слики од отеченото лице по ќотекот што го добила од нејзиното момче
Нејзините слики се споделени повеќе од 1.000 пати додека ги објавувала со видео на Твритер, на кое со љубов го гледа својот бивш партнер.
Манекенката Антонија Рохус доживеала насилство, и решила да го сподели со јавноста. Таа не го именувала насилникот и го скрила лицето на сликата. Белгиската полиција за британските медиуми потврдила дека го истражува случајот со манекенката и нејзиниот поранешен партнер. Манекенката ги раскажала сите детали од врската во којја низ пекол живеела 18 месеци. Таа тврди дека тој и го скршил лицето во радијаторот, ја фатил за грло, и забранил да се шминка, а потоа го искршил мебелот во нивниот дом.

„Ова е мое пред и потоа. Нема среќен крај, нема вистинска среќа, само болка и тага“, напишала Рохус како и дека го запознала своето поранешно момче на одмор пред скоро две години и го нарекла „љубов на прв поглед“ – и парот, скоро веднаш, започнал да живее заедно. Сè било како во бајка, додека бившиот ја опсипувал со подароци и комплименти.

Но, тогаш се испоставило дека нејзиното ново момче има љубоморна страна и пргав карактер и станувал се поопсесивен и љубоморен.
„Одеднаш ми забрани да се шминкам и не можев да ја носам облеката што ја сакав. Не бев сигурна што можам да направам. Секако дека мислев дека тоа е чудно, но дали не беше таа слатка несигурност и доказ дека навистина му се допаѓам? Насилното однесување започнало кога тој го скршил мебелот во нивниот дом, додека станувал се поагресивен. Таа тврди дека тој направил дупка во вратата и ја срушил ламбата од таванот. Првиот пат кога ја удрил, таа тврди дека ја фатил за коса и и го скршил лицето во радијаторот.

Преплашена, Антонија возела до куќата на нејзината мајка со покриено лице – и тие се согласија дека тој никогаш повеќе нема да биде добредојден во нејзиниот живот. Како што вели, тогаш нејзиниот поранешен дошол пред вратата неколку дена подоцна и ветил дека повеќе никогаш нема да ја удри, па Антонија решила да „му даде втора шанса“. Сепак, ништо не се сменило. Тој продолжил да ја малтретира, да ја задавува и понижува, а таа објаснила дека никој не може да разбере, ако не доживеал, зошто останува во такви односи.


Таа вели дека таквите момци се итри и дека тој е целосно ја изолирал, дури и во еден момент не смеела да има контакт со пријателите и семејството.
„Дали сакаш да ме оставиш? Јас сум единствената личност која се грижи за тебе“, и рекол тој, а таа му поверувала.
Таа дефинитивно решила да го остави кога отишла на лекар, по уште едно тепање и кога докторот и рекол дека ударот во главата можел да биде фатален.
„Тоа ми ги отвори очите и сфатив дека морам да заминам пред да биде предоцна. Потоа ги споделив фотографиите на Твитер. Можеби звучи чудно, но мило ми е што ме удри: Психолошкото насилство е подеднакво лошо, но тешко е да им се објасни на другите“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(Рецепт) Манастирски напиток кој „крева од мртви“

Сè ќе ви биде јасно кога ќе ви кажеме дека главните состојки на лековитиот манастирски …