Нобелова награда за мир: Храната е вакцина против хаосот

Нобеловата награда за мир оваа година ја добива Светската програма за храна, една од организациите на Обединетите нации. Тоа е повеќе од јасна порака до сегашниот претседател во Вашингтон.
На крајот немаше сензација: Доналд Трамп не стана добитник на Нобеловата награда за мир. Всушност, одлуката на комитетот може дополнително да го налути, бидејќи годинашната Нобелова награда за мир се доделува на Светската програма за храна, организација на Обединетите нации – институција што Доналд Трамп немилосрдно ја критикуваше од доаѓањето на власт.
Така, годинашната Нобелова награда за мир е недвосмислена поддршка за мултилатерализам, кој, откако Трамп е на власт, ги доживува најтешките удари во последните неколку децении.

Во ерата на короната, храната е особено важна
Во своето образложение, што во Осло го прочита претседателот на Нобеловиот комитет, Берит Рајс-Андерсен, наградата и се доделува на Светската програма за храна за „борба против гладот, како и за подобрување на условите за создавање мир во конфликтните области“.
„Борбата против гладот ​​е особено важна во ова време на пандемија на вирусот корона. До моментот додека ја имаме вакцината, храната е најдобрата вакцина против хаосот“, се вели во соопштението, додавајќи дека Светската програма за храна „игра клучна улога“ во тоа сигурноста во снабдувањето со хранада стане инструмент за постигнување на мир.

Хаико Мас: Одговорност за секој поединечен човечки живот
Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас и честитал на Светската програма за храна и ја посочил тесната соработка меѓу Германија и организацијата на ООН.
„Искрено и честитам на Светската програма за храна и на нејзиниот извршен директор Дејвид Бисли за заслужената Нобелова награда за мир. Светската програма за храна симболично ја покажува одговорноста на светската заедница за секој поединечен човечки живот. Неуморната работа на таа организација спасува животи на милиони луѓе секој ден и спречува глад. Службениците на Светската програма за храна се првите борци за човештвото во најопасните места во светот. Горди сме на фактот дека Германија е втор по големина донатор на Светската програма за храна“.

Фаворитката Грета Тунберг – без награда
Портпарол на Светската програма за храна во првата реакција рекол дека ова е „момент на гордост“ за неговата организација. Организацијата, која има годишен буџет од околу 182. милиони евра, секако не станува збор за 950 000 евра, што е износот на Нобеловата награда за мир – туку важен сигнал што Нобеловиот комитет го испраќа со оваа награда.
Оваа година, за Нобеловата награда за мир беа номинирани 211. лице и 107. организации. До последен момент активистката за животна средина Грета Тунберг важеше за една од главните фаворити, како и Светската здравствена организација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Град Скопје засади нов дрворед со 300. дрва на булевар „Асном“

Во Аеродром, на булеварот АСНОМ, се засадија 300 нови листопадни и зимзелни дрвја кои веќе …