(ВИДЕО) Голем пожар во солитер во Јужна Кореја: Пламенот „голта“ се пред себе!

Голем пожар зафатил зграда од 33. ката во Јужна Кореја, а 50. лица се повредени.
Пожарот, како што се сомнева, избувнал на 12-ти кат од солитерот околу 23 часот по локално време, но се проширил многу брзо и го покрил целиот станбен блок во градот Улсан, северозападно од Бусан.

Станарите на зградата, вкупно 136, биле брзо евакуирани, а целата населба била блокирана.
Снимките на социјалните мрежи покажуваат како пламенот стигнува до покривот на солитерот и проголтува сè пред него.
Гаснењето на пожарот го отежнува силниот ветер, објавија локалните медиуми а засега нема податоци за жртвите и повредените.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ПОВТОРНО ПОЧИНАТИ: Денеска се регистрирани 10. нови случаи на Ковид 19 – Пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …