(ВИДЕО+ФОТО) РЕСПЕКТ И ДЛАБОК НАКЛОН – Мотивирачка порака на Елиф Елмас – лекција како се сака Македонија: „Играјте за вас, играјте за македонски фудбал и за нашата мала Мајка Македонија“

Младиот фудбалер, ја вклучи камерата на мобилниот од карантинот, па на работ на солзи што не може да игра, собра сили и одржа мотивирачки говор, порака на поддршка за своите другари од репрезентација, за сите навивачи, за сите Македонци, за нацијата… Лекција за тоа, како се сака Македонија, со која Елиф Елмас потврди дека „дијамантот блеска“ и кога не може да игра!

Фудбалската репрезентација на Македонија е на чекор до историски успех. Пандев и другарите направија „квантен скок“ со победата над Косово од 2:1 и сега останува само уште да се направи последниот чекор, да се победи Грузија на гости и да се испише историја.

На фудбалскиот терен никогаш не е лесно, особено не пред вакви важни мечеви кои се случуваат еднаш во животот. Шанса која не смее да се промаши, прилика која не смее да се пропушти… Победи, зашто кој знае кога друг пат ќе ти се пружи слична можност да ја одведеш својата земја за прв пат во нејзината историја на едно големо натпреварување. А, историјата тешко се испишува, легендите уште потешко се создаваат, но сепак и тоа е возможно.

Македонските фудбалери ја потврдија тезата дека и малите нации можат да се најдат меѓу големите дивови, иако „невозможната мисија“ се’ уште не е завршено, но… ќе биде! Сега веќе никој не верува дека нема да успееме. Колку и да е тешко, а ќе биде, како што беше на теренот на арената „Тодор Проески“ во Скопје против Косово! Императивот „мора“, понекогаш знае да биде тежок товар, страста да ја убие силата, да ја согори во желбата, да ја отапи моќта, да го испразни набиениот набој… Но, знае да ти даде крилја и дополнителна сила, да те вивне над твоите можности, високо меѓу ѕвездите… Како што ги вивна нашите фудбалски момчиња, претворајќи ги во фудбалски херои, на чекор до остварување на сонот на нацијата, на дофат на испишување на нашата „фудбалска бајка“, во која сите веруваме дека – ќе биде!

На фудбалерите, селекторот, стручниот штаб, ФФМ… им беше тешко, но нему му беше уште потешко. Еден од најдобрите, новата фудбалска ѕвезда, македонскиот фудбалски дијамант, нема да може да игра – беше грозната вест која пристигна од Неапол кога се дозна дека Елиф Елмас е позитивен на коронавирусот и неговиот настап со Косово со сигурност не е можен. Тешкотија за селекторот и стручниот штаб, проблем за екипата во која еден од главните „замаеци“ ќе недостасува, најтешко – нему, на младиот фудбалски „драгуљ“, Елмас! И заради здравствената состојба, но многу повеќе заради сознанието дека нема да биде во Скопје таа вечер на теренот, заедно со екипата, со своите другари, да помогне, да придонесе, можеби да го реши мечот со асистенција или погодок!

За жал, од таа коже не се можеше, но затоа Елиф не би бил само блескав дијамант на фудбалскиот терен, туку е и златно дете, личност чиј пример е за „поклон до земја“, зашто големината е една во фудбалската вештина, но величината е сосема друга во човештината, која Елмас со само еден гест покажа дека кај него е голема како планина.

Младиот фудбалер, ја вклучи камерата на мобилниот од карантинот, па на работ на солзи што не може да игра, собра сили и одржа мотивирачки говор, порака на поддршка за своите другари од репрезентација, за сите навивачи, за сите Македонци, за нацијата… Лекција за тоа, како се сака Македонија, со која Елиф Елмас потврди дека „дијамантот блеска“ и кога не може да игра!

Погледнете ја мотивирачката видеопорака на Елмас пред натпреварот со Косово, кој тој ја сподели на своите профили на социјалните мрежи, порака за пример, за респект и длабок наклон:

„Момци, вие знаете како треба. Денес е ден кога цела Македонија е со вас, денес е ден кога ќе започнете да градите сон за сите мали деца, а исто така и за цела Македонија за сите луѓе кои досега не навиваа на трибините и денес не можат да бидат со вас како и јас… Играјте за вас, играјте за македонски фудбал и за нашата мала Мајка Македонија“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Пронајден исчезнатиот фудбалер: Англија жали за Џејмс Дин

Поранешниот фудбалер Џејмс Дин, чие тело беше пронајдено четири дена откако исчезна, беше „нежен џин“ …