(ФОТО) Зеленчук со „нулта“ калоричност

Храна со нулта калоричност се нарекуваат продукти на чие варење организмот троши повеќе енергија отколку што се внесува со нивната конзумација.
Овие продукти не се некоја егзотична непознаница туку овошје и зеленчук кое секој ден го гледаме по пазарите и пиљарите и достапни се, практично, цела година.
Конзумацијата на храната која има низок број калории нема веднаш да го покрене процесот на слабеење и губење на одвишните килограми, но секако ќе ја надополни дневната потреба за овошје и зеленчук со голема нутритивна корист и ќе послужат како квалитетен меѓуоброк.
Морков
100. грама од овој продукт содржат само 41. калорија и ниту еден грам масти. Освен што се добри за очите, морковот влијае на здравјето на кардиоваскуларниот систем и кожа. Бета каротинот од морковот повеќе се апсорбира во организмот во термички обработен облик отколку кога јадете сиров зеленук.
Брокула
Брокулата, особено варена, е идеален продукт за исхрана на луѓето со покачен холестерол и вишок килограми бидејќи содржи со 35. калории на 100 грама. Едноставна е за подготовка, може да се вари во вода или на пареа.

Зелка
Сите верзии од овој зеленчук (25. калории на 100 грама) содржат ниско ниво калории. Посебно малку ги има во варениот продукт. Зелката слободно вклучете ја во својата секојдневна исхрана како прилог на месо, дел од мешавини од зеленчук или како смостоен оброк во различни диети.
Боранија
Нивната хранливост со ниската калоричност (31. калорија во 100 грама) е комбинација која дополнително ќе ги збогати вашите оброци. Варената боранија е добра и во салата, како прилог или како дел од мешавини од зеленчук.
Целер
Овој зеленчук е на врвот на листата на нискокалорични продукти со 16. калории во 100. грама. Нискиот гликемиски индекс на целерот спречува таложење на мрсни наслаги во крвта. Коренот на целерот може да се ренда во салати, да се стави во супа и додава при подготовка на месо, особено дивеч.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …