Големи промени на времето во наредните денови: Ладно и силен ветер!

Есента почна да го покажува своето вистинско лице…а наредните денови ќе не потсетат на сите промени кои ни ги носи…
Температурите на воздухот до крајот на денов и во текот на ноќта ќе бележат тенденција на понатамошно опаѓање и до утре изутрина ќе се спуштаат во интервалот од 6. до 14. степени, уште постудени утра ќе бидат следните кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4. до 11. степени. Максималните дневни температури во текот на следните неколку денови ќе бележат тенденција на незначително покачување и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.


Времето ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево, повремено со умерена локална облачност а нова промена на временската состојба и врнежи ќе има од понеделник доцна попладне и навечер.
Да напоменеме дека до крајот на денов, и во текот на ноќта, особено Долж Повардарието ќе дува засилен студен ветер од северозападен правец кој локално и повремено ќе достигнува брзина од над 70 км/час.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈП Градски паркинг донесе одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје

Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски Паркинг“ – Скопје денес донесе одлука за намалување на …