Сега е и официјално: Навистина можете да бидете болни од љубов!

Вљубувањето е причина на генетски промени во женските тела, открило новото истражување.
Врската помеѓу заљубување и чувства, како на пример опсесивно размислување, ги навеле стручњаците да се посомневаат дека би можеле да постојат промени во физиологијата на луѓето.

Меѓутоа, имало малку истражувања за тоа како љубовта влијае на гените.
Во обидот да се окарактеризира влијанието на вљубувањето на функцијата на човечкиот геном,истражувачите од Универзитетот во Калифорнија во Лос Ангелес земале примероци на
крв од 47. млади жени кои започнале нова врска и ги следеле во наредните две години, пренесува Independent.
Тимот ги набљудувал генетските промени кај оние кои се заљубиле и откриле дека тоа не влијае на жените само психички туку и физички.
„Заљубувањето е едно од психолошки најјаките искуства во човековиот живот“, напишале
научниците,пишува The Sunday Times, и додале дека нова романтична љубов не ја следат само психолошки промени.

Имено, тие откриле дека и заљубувањето кај некого доведува до тоа гените да произведуваат интерферон – протеин кој обично се користи во борба против вирусите.
„Заљубувањето е поврзано со зголемено ниво на интерферон…Ова е во склад со вродените имунолошки одговори на разни инфекции“, додале научниците во ова истражување.
Научниците, исто така истражиле како нивоата на интерферон се менуваат во текот на односот и откриле дека оние жени кои на крај ја прекинале врската имале помало производство на овој хормон во организмот.
Некои истражувања сугерираат дека физиолошките промени поврзани со љубовта можат да бидат ублажени како што односот созрева…Биолошките корелации на љубовта би можеле да се намалуваат со созревањето на долгорочните стабилни врски, објаснуваат тие.
Иако причината за зголеменото лачење на интерферонот останува нејасна, научниците сугерирале дека тоа би можело да биде подготвување на нивните тела за бременост, наведувајќи дека веруваат дека генетскиот одговор на мажите на заљубувањето може да се разликува.
„Клучен следен чекор е да се испита дали сличен образец се јавува и кај новозаљубениет мажи“, велат научниците.

извор: Independent
Подготви:Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

10 ефтини и здрави намирници што треба да ги имате во вашето мени

КОМБИНАЦИЈАТА на губење работа и поскапување на одредени намирници натера многу луѓе да размислат што …