За Стојанчо Бучков слушнавме првпат пред неколку години кога се натпреваруваше во „Икс Фактор“ на Бугарија, како можност за градење интернационална кариера…
Но, натпреварувањето, нормално, го заврши во финалето, бидејќи предност добија домашните изведувачи.
Инаку, Стојанчо Бучков е од Гевгелија, а завчера ја промовираше неговата нова песна “Eternal Dreamers” или “Вечни Сонувачи”. Песната е стилски модерен поп и со неверојатен воздигнувачки и мотивирачки мотив. Песната ја напишав тој, а во проектот учествува и како текстописец и композитор, а продукцијата и аранжманот се дело на португалскиот продуцент Joao Martins – Juonne.