(ФОТО) Ерменски првак отишол во војна и загинал

ЕРМЕНСКАТА powerlifting федерација (АПФ) објави дека повеќекратниот државен шампион во кревање тегови Татул Харутијан (33) загинал во борбите во Нагорно Карабах.
Веста за смртта на Харутијан беше објавена на Фејсбук без детали.
„Со голема тага известуваме дека за време на борбите загинал член на АПФ, повеќекратен шампион на Ерменија и добар пријател Татул Харутјан. Почивај во мир, хероју“, се наведува во соопштението.

Ցավով տեղեկացնում ենք, որ Արցախյան թեժ մարտերում զոհվել է Հայաստանի ուժային եռամարտի հավաքականի անդամ, Հայաստանի բազմակի…

Gepostet von Armenian Powerlifting Federation am Sonntag, 4. Oktober 2020

Пред околу десетина дена, Ерменија и Азербејџан се обвинија едни со други за прекугранични напади, а и двете земји исто така го отфрлаат притисокот од меѓународната заедница да одржат мировни преговори бидејќи нивниот конфликт во регионот Нагорно Карабах се претвора во полнокрвна војна.
Двете земји известија за прекугранични престрелки западно од отцепената област Нагорно Карабах, што предизвика судири меѓу азербејџанските и ерменските сили.
Овие инциденти претставуваат дополнителна ескалација на конфликтот, иако Русија, САД и другите земји повикуваат на воздржаност.
За време на викендот, Баку објави дека вториот по големина азербејџански град Гања е гранатиран од ерменска страна, а Ереван тврди дека азербејџанските сили го гранатирале Степанакерт, голем населен центар во Нагорно Карабах со мнозинско ерменско население.
Тековните конфликти се една од најтешките ескалации во историјата на споровите околу Нагорно Карабах, енклава со ерменско мнозинство. Судирите започнаа на 27. септември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мрачна тајна на Хали Бери: Својот изглед го должи на болеста!

Од доцните осумдесетти години на минатиот век глумицата се бори со свирепа болест…   View …