(ВИДЕО) РОЛАН ГАРОС – Ѓоковиќ се прошета до осмина финалето: Го чистеше теренот!

Новак Ѓоковиќ беше убедлив во дуелот со Галан на кој за три сета му дозволи само 5. гема – Следен е Каракачанов…
Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос, совладувајќи го колумбискиот играч Даниел Галан со 3-0 во сетови, без проблеми.
На Ноле му беа потребни помалку од два часа игра за победа на 153-тото место пласираниот на АТП-листата. Првиот сет го доби со максимални 6:0 со три брејка, додека во вториот (6:3) и третиот (6:2) двапати го одзема ше сервисот на противникот.
За четвртфиналето тој ќе игра со Карен Качанов, 16. во светот, кој во 16 финалето беше подобар од Кристијан Гарин.

Сепак, како некоја конторверза да ги следи мечевите на Ѓоковиќ. Иако главниот терен на Ролан Гарос има покрив сепак организаторите дозволија и по силен дожд да се игра. Дури откако Гарин се лизна и скоро падна Новак реагираше до судиите да се прекине мечот и да се затвори покривот, особено што на теренот се формираа бари со вода. Конечно, беше одлучено да се затвори покривот, па имаше и со тоа проблеми па дел од теренот беше покриен. Потоа, со цел мечот побрзо да продолжи дури и Новак помагаше теренот што побргу да се оспособи.
Но, се наметнува прашањето дали организаторите вака би се однесувале доколку на теренот наместо Новак беа Рафа или федерер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ си ја отворил душата: „Брат ми почина пред мене“, „Јас сум Швеѓанец но и од мешан брак“

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и …