(ВИДЕО+ФОТО) ИСПОВЕД НА ХРАБРАТА ГЛУМИЦА – Шенон Доерти се бори со последниот стадиум на рак:„Не сум подготвена да заминам, сè уште имам живот во мене“

Ракот на дојка се вратил и преминал во четвртата фаза. Ова е веста што актерката Шенон Доерти ја доби во февруари 2020. година. Од тогаш до денес, онкологот Лоренс Пиро се обидува понатамошното метастазирање на болеста да стави под контрола .
Актерката Шенон Доерти доби тешки вести во февруари оваа година – ракот на дојката и се врати, се прошири на лимфните јазли и премина во четвртата фаза. Нејзината борба со злобната болест трае веќе со години, па овој удар беше неверојатно болен за неа. Но, таа ја прифати ситуацијата и за магазинот „Ел“ раскажала како се справува со тешките околности што и се случија. Овие денови, вели таа, се обидува да ужива и да ги цени малите нешта.

Веста дека ракот и се вратил, актерката ја соопштила, на блиски луѓе, на вечера во нејзиниот дом. Таа вечер поддршка и дал и нејзиниот онколог Лоренс Пиро, кој објаснил каква медицинска тактика би користел во борбата против ширењето на болеста. Покрај хормонска терапија, таа исто така ќе добие таргетиран лек кој треба да го контролира метастазирањето на болеста.

View this post on Instagram

Check out @elleusa photo by @kurtiswarienko

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) on

„Се обидувам да уживам во малите нешта што многу луѓе не ги гледаат или ги земаат здраво за готово“, рекла актерката, откривајќи што размислувала откако слушнала дека има сериозно заболување од четврта фаза.
“Се прашував дали носам добра или лоша карма, и ако носам лоша, зошто е тоа така? Почнав да размислувам за мојот живот, за сите работи што ги правев и за сите работи што не ги правев. Каква бев со луѓето”, рекла ѕвездата на серијалот Беверли Хилс.

View this post on Instagram

Might need dance classes….

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) on

Размислувала за проштално писмо и видео
Признава дека размислувала за пишување писма и оставање видео пораки за нејзините пријатели и семејство. “Некои работи морам да и ги кажам на мајка ми. Сакам мојот сопруг да знае што ми значеше. Но, кога и да дојде време да снимам и да пишувам што сакам, се чувствувам како да сум се отпишала самата себе. Се чини дека е конечно, а јас сè уште не се отпишувам“, рекла Шенон, додавајќи дека се чувствува како пред себе да има уште 10-15 години живот. „Не сум подготвена да заминам, сè уште имам живот во мене“, заклучила храбрата актерка.

View this post on Instagram

Then there’s us. Always.

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) on

Да потсетиме, Шенон се бори со рак од 2015 година. Поради својата болест, таа реши да направи мастектомија, ги помина сите агресивни третмани што и беа достапни и јавно ги соопштуваше деталите од својата борба, како што прави денес.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …