(ФОТО) Црната чипка на Деми Мур гори на модниот спектакл на Ријана

Актерката Деми Мур има 57. години, а на годишното шоу на Ријана „Savage x Fenty“ се појавила во секси боди со чипка, кој го зачинила со мрежести чорапи.

Целиот стајлинг го зачини со дијамантски чокер и соодветни обетки. Ѕвездата на филмовите „Дух“ и „Стриптиз“ позираше на шоуто заедно со Бела Хадид (23), позната манекенка која исто така блескаше во провокативна црна облека. Носеше градник од тантела, кратки шорцеви од тантела и високи чизми од латекс.



Меѓу ѕвездите на шоуто кои носеа заводливи креации на долна облека со потпис на Ријана, беа и моделите Џејд Есенс Хол од „RuPaul’s Drag Racea“ и Еби Чемпион.

Ова не е класична модна ревија каде моделите одат по пистата. Ријана наместо тоа, поканува пријатели и познаници – модели, пејачи, танчери, актери – кои имаат свои точки во кои се облечени во секси долна облека создадена од пејачката.


Овој пат, Ријана настанот го направи во волшебна градинарска околина, што беше особено видливо во куќата во дворот.


Деми позираше на кожен тросед во своето шоу, а Бела и се придружи. Тие беа опкружени со танчери, исто така облечени во креациите на Ријана.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Откако беше обвинета за фотошопирање фотографии, актерката откри како изгледа без шминка

Откако беше обвинета дека изгледа непрепознатливо на фотографиите, Салма Хајек на Инстаграм го покажа својот …