(ФОТО) 5. намирници со најмногу витамин Ц – а една ќе ве изненади!

Витаминот Ц е клучен за нашето здравје, но нашето тело не го произведува тоа самостојно – затоа е важно да знаеме со кои намирници можеме да го внесеме во организмот.
Од производството на колаген до апсорпцијата на железо, витаминот Ц е многу важен за нашето тело. Го има во многу зеленчуци и овошја и оптимално е да се земаат од 75 до 100 милиграми витамин Ц на ден.
Витаминот Ц е многу важен антиоксиданс, кој се бори против воспаленија, срцеви заболувања и други штетни состојби. Важен е за производство на колаген, кој е клучна компонента за здравјето на кожата. Исто така, и помага на кожата да зарасне по повреда и генерално одржува флексибилност.
Поради своите силни антиоксидантни својства, се смета дека витаминот Ц го зајакнува имунитетот, бидејќи позитивно влијае на белите крвни клетки, кои се најважни за борба против инфекцијата.
Витаминот Ц помага во апсорпција на железо од зеленчук, па ако јадете нешто како спанаќ, кое содржи железо, комбинирајте го со нешто со витамин Ц, како што е сос од домати, подобро ќе го апсорбирате железото. Количината на витамин Ц што едно лице треба да ја вклучи во својата дневна исхрана може да варира во зависност од различните фактори, вклучувајќи ги возраста, тежината и полот, но главно на мажите им треба повеќе витамин Ц отколку жените.

Ова се петте намирници со најмногу витамин Ц.

Црвени пиперки
Само 120 грама свежа црвена пиперка ја содржи препорачаната дневна доза на витамин Ц – затоа слободно додадете ги во салатата. Кога ги загревате, тие губат одредена количина на витамин Ц, но сепак го чуваат во значителна количина.

Агруми
Агрумите како портокалите се најочигледен извор на витамин Ц, бидејќи еден портокал со средна големина содржи околу 70 милиграми витамин. Грејпфрутот и лимонот се исто така богати со витамин Ц. Важно е да ги консумирате свежи, не во форма на сокови, бидејќи во ваквите пијалоци често има многу додаден шеќер.

Киви
Ова кисело, егзотично овошје е исто така одличен извор на витамин Ц – едно киви со средна големина содржи 64 милиграми витамини.

Зелки
Брокулата, прокељ, карфиолот, зелката и другите од родот на зелки имаат високо ниво на витамин Ц. Сепак, важно е да внимавате на начинот на готвење на овој зеленчук.На пример, околу 60 грама брокула има 40 милиграми витамин Ц, но многу витамини се губат ако брокулата се превари. .

View this post on Instagram

Sağlıklı yaşamak zor mu? Yeni beslenme düzenine geçeli henüz 6 gün oldu. Yalan söyleyemeyeceğim ara sıra çok zorlandım. Hatta mutsuz olduğum zamanlar oldu. Ama her sabah kendimi daha hafif hissettim. Bazen ipin ucunu bırakmak istedim ama hep tuttum kendimi. Şekeri hiç aramıyorum. En kolayı o oldu benim için. Süt ve süt ürünleri de şuan zorlamıyor. Glutensizlik bazen sıkıcı. Un aldım kendime glutensiz. Bir paket bitti bile. Deneye yanıla tarifler deniyorum. Bakalım bu konuda daha iyi olacağım bence. En zoru yumurta yememek. Terry Wahls onu da yasaklıyor. 1 ay yemeyip sonra bolca yiyip kendimi gözlemleyeceğim. O zaman son #24gün. Bir de haftanın bir günü serbest mi olsam diye düşünüyorum. En azından alışma sürecinde daha iyi gelir sanki. Ama emin olamıyorum yanlış mı olur 🤷‍♀️ Bakalım zaman ne gösterecek. #multiplesklerose #ms#multipleskleros #mücadelem #nosugar #nogluten #nomilk #rebif44 #takip #beğen #keşfet #like #glutensiz #şekersiz #kahvaltı #tarif #like4like #like #wahlsprotokolü #wahlsprotocol #saglık #sağlıklıyaşam #otoimmünbeslenme #otoümminhastalık #brokoli #sebze

A post shared by @ kivircikbirmesele on

Компири
Компирот можеби не е првиот зеленчук што ви паѓа на ум кога размислувате за витамин Ц, но средно печениот компир содржи околу 17.милиграми од овој корисен витамин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …