(ВИДЕО) Том Хенкс проговорил за семејната трагедија

Холивудскиот актер Том Хенкс,како гостин во една емисија, по првпат ја раскажал својата трагична семејна приказна.
Имено, Хенкс открил дека неговиот татко бил сведок на убиството на неговиот татко, односно дедото на Том, кога бил мал.
По многу години, Том се отворил во интервју со Греам Бенсингер и рекол дека неговиот татко Амос Мефорд Хенкс бил сведок на убиството на неговиот татко.
„Татко ми имал девет или десет години кога изнајмен работник го убил татко му во штала на неговата фарма во калифорнискиот град Виловс. Тој бил едно од четирите деца и единственото што се затекнало таму. Тој беше скршен од тоа искуство. Тој како дете морал да сведочи трипати. Со адвокатите, судијата … Тоа била контроверзна тепачка, човекот бил ослободен затоа што била тепачка. Но таткото на татко ми беше убиен и тој сведочеше за тоа“, рекол Том.

Тој додал дека тоа го уништило неговиот татко и му го одзел безгрижниот живот, а исто така го изгубил чувството дека во светот има правда.
„Едноставно, тогаш го забележавме. Тоа беше неправда што седеше на неговите млади плеќи“, истакнал актерот. Тој исто така објаснил дека неговиот татко станал „црна овца“ во семејството затоа што бил сведок на тој ужасен настан.
„Тој не чувствуваше вистинска радост сè додека не се ожени со мојата маќеа. Тој сакаше да биде писател, но животот не му даде карти за да ги брка тие соништа“, заклучил Том во искреното интервју кое ја шокирало јавноста.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …