МОЌЕН ПРИРОДЕН ЛЕК – Стар 2.000 години и преполн со витамин Ц, ги штити коските, го јакне срцето, го чува мозокот: Оваа намирница е златен рудник на вашето здравје!

Иако повеќето од нас ја гледаат само на вкусна зимска салата – киселата зелка е многу повеќе од тоа и затоа ви предлагаме, без одлагање, да подготвите едно буре за вашето семејство
Се верува дека киселата зелка потекнува од Кина, датира од пред 2.000 години. Бидејќи во тоа време немало современи форми на зачувување храна, како што се фрижидери и замрзнувачи, единствениот начин храната да не се расипе брзо бил процесот на ферментација.
Ферментацијата на зелката се смета за најстар вид зачувување на зелка и затоа се смета за еден од најважните извори на храна од 4 век п.н.е.
Денес киселата зелка најчесто се служи со јадења и е многу популарна во Централна Европа, поточно во Германија. Има бројни здравствени придобивки, имајќи предвид дека има доволно количество витамини Ц и К, доволно растителни влакна, а исто така ја зголемува енергијата и имунитетот со железо. Иако има бројни предности, таа треба да биде умерена, бидејќи зелката е ферментирана со сол и е полна со натриум.


Половина чаша кисела зелка содржи 20 проценти од препорачаната дневна количина на натриум. Покрај тоа, содржи 13. калории, од кои 0. грама маснотии, 4 грама влакна, 7. грама јаглехидрати, 2. грама шеќер и 1. грам протеини. Од есенцијалните микроелементи, содржи натриум, витамин Ц, витамин К, железо, манган, витамин Б6 и фолна киселина.
Сега, кога ви го претставивме ова старо, и многу корисно јадење, ќе ги претставиме неговите здравствени придобивки.
1. Го подобрува варењето на храната
Кисела зелка содржи пробиотици, здрави бактерии кои први се борат против токсините во организмот и штетните бактерии. Тие исто така можат да го подобрат варењето на храната, како и целокупното здравје и да спречат дијареја предизвикана од внес на антибиотици. Студиите покажале дека тие ја намалуваат и надуеноста и запекот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од понеделник на Сител стартува „Магазин“

ТВ Сител во вистински момент го покренува дневната емисија „Магазин“ која би требало да ни …