(ВИДЕО+ФОТО) Дојде време за „Дуети“: Ѓоко Ѓорчев како старо вино – годините минуваат тој не мирува!

Велат дека добрите пејачи не снимаат дуети…И’, навистина ретки се тие моќни вокали кои влегуваат во проект со друг изведувач или изведувачка, но, секое правило има и исклучок.
Во наши простори пак редовен кој ги „крши“ востановените правила е Ѓоко Ѓорчев, човекот кој се приближува до јубилејот од 30. години на сцената но не се предава…
Напротив, наместо да ужива во пензионерските денови тој редовно твори, создава, осмислува нови проекти…
Така како резултат на корона пандемијата го осмисли проектот „Тука сме“ каде вклучи многу македонски изведувачи…Потоа следеше друг проект „Земјо моја“ кој се стокмува, се става во една целина а се подготвува и спот…И, беше онака тивко најавено дека со нова песна ќе го видиме и на „Еврофест“…И, човек би си рекол – доста е, за некои и за цела година…
Но, не и за Ѓоко…
Тој веќе работи на нов проект „Дуети“ каде ќе ги претстави врвните интерпретации со колешките…

Со Кристина Палија ги испеа:Torna surriento, Besame mucho,Parla piu piano и Phantom of the opera. Со Кате Танева ги испеа легендарните „Последен танц“ и „Земја Библиска“, а со Кате Бразева – Helpmi make it trought the night…И, кога се’ ќе се собере тоа се 7. композиции. Но, тоа не е се, бидејќи Ѓорчев планира на албумот да ги вброи и „Земјо моја“ и „Тука сме“ (Let it be) и доаѓаме до 9. композиции…цел еден албум, но, повторно, не би се изненадиле ако Ѓорчев го збогати албумот со некоја нова нумера, иако и овие девет се повеќе од доволни…

Но, она што е фасцинанто е дека Ѓорчев настапува со оперка пејачка, поп и фолк пејачки…би се рекло од сите музички правци и во сите песни е одличен што само уште еднаш покажува за каков врвен вокал станува збор.

„Во фаза сум на подготовка на песната за Еврофест, ја завршуваме ‘Земјо моја’, и како да ми се виде многу слободно време и реков посериозно да се концентрирам на албумот со дуети. Имам испеано многу дуети. Никогаш не сум ‘бегал’ од тоа да бидам во друштво со друг изведувач. Ете, во овие дуети кои засега ги избрав за албумот сите се женски, има и оперска пејачка (Кристина Палија, заб. на нов.) па ќе видиме…можеби додека се’ се подготвува ќе има и нешто ново…Не би сакал да се повторувам и да ги обременувам читателите со позната синтагма дека музиката е мојот живот и ќе им оставам на фановите сами да донесат свој суд. Се радувам што подготвувам нов проект“, ни рече Ѓоко Ѓорчев.

Ние пак се радуваме што извонредните дуети на Ѓоко Ѓорчев ќе ги имаме на едно место – на новиот студиски албум „Дуети“.

Пред неколку дена Ѓоко се потсети на неговиот прв албум.

MOJOT PRV ALBUM DALECNATA 1994 GODINA#ZA #EDEN #DENFOTOGRAFIJI KOI GI SAKAM❤️🇲🇰✌️🙏

Gepostet von Gjoko Gjorcev am Dienstag, 29. September 2020

За разлика од бројни наши изведувачи Ѓорчев нема да го видите на „свирка“ во некое кафуле или клуб туку само на избрани манифестации и концерти, па се надеваме дека наскоро и условите за организирање концертни настани во затворен простор ќе бидат овозможени (со оглед на пандемијата на ковид) и ќе го видиме најавениот концерт на Ѓорчев во Дом на АРМ.
До тогаш уживајте со неговата музика а ние ќе потсетиме на еден негов мини концерт од Неготино…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Солзи радосници од Сара Мејс: „Дали е реално дека се наоѓам на WHD specials? И тоа со вистинското име на мојата земја?“

„Дали е реално дека се наоѓам на WHD specials ?!?   И тоа со вистинското …