(ВИДЕО) ЛИГА КУП – Жестоката кавга на Мурињо и Лампард ја одбележала драмата на Тотенхем и Челзи

Фудбалерите на Тотенхем се пласираа во четвртфиналето на англискиот Лига куп откако синоќа во Лондон го совладаа тимот на Челзи по подобро изведување на пенали. Во регуларниот дел од натпреварот беше 1:1.
Челзи влезе подобро во мечот, а откако Лјорис спречи опасен обид на Хадсон-Одои, Вернер погоди за водство на сините во 19-та минута од средбата. Дури тогаш се разбуди Тотенхем и додека заминаа на одмор имаа две одлични шанси што ги пропуштија Фернандес и Ламела.
Веќе на отворањето на второто полувреме, Менди брилијантно го одбрани ударот на Регуилон, а нешто подоцна Лјорис беше претпазлив во обидот на Вернер. На седум минути пред крајот на мечот, Тотенхем дојде до заслужено израмнување, а стрелец беше Ламела.
Потоа се изведуваа пенали, а играчите на Тотенхем, кои ќе играат во четвртфиналето на Лига купот, беа посреќни и повешти.

Патем, натпреварот беше обележан и со судир меѓу тренерите Жозе Мурињо и Френк Лампард покрај аут-линијата по водечкиот гол на Челси. Португалецот беше изнервиран што Лампард постојано беше на нозе и многу гласно го бодреше својот тим.
„Френк, кога губиш со 3-0, не си толку гласен“, му рекол Мурињо на Лампард со пцости, според англиските репортери.
„Седни и молчи“, одговорил Лампард во жестока дискусија која траела околу десет секунди.
Да потсетиме, Мурињо му беше тренер на Лампард во два наврати додека беше во Челси, и заедно освоија две титули во англиската лига.
Тотенхем – Челзи 1:1 (5:4) (Ламела 83 ‘- Вернер 19’)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) СПЕКТАКУЛАРНО – ЈА ЗАТРЕСОЛ МРЕЖАТА ОД СВОЈАТА ПОЛОВИНА: Фудбалер на Омонија постигнал гол од НАЈГОЛЕМА ОДДАЛЕЧЕНОСТ во историјата на Лига Европа!

Фудбалерот на Омонија, Хорди Гомеш постигнал еден од најатрактивните голови во историјата на Лигата на …