(ФОТО) ФОРМУЛА 1 – Шумахер од Швајцарија го преселиле на Мајорка:„Михаел комуницира само со очи!“

МИХАЕЛ Шумахер повеќе не се опоравува во Швајцарија, туку во Мајорка. Неговата сопруга Корина таму во 2017 година за 30 милиони евра ја купила Вила Јасмин.
Вилата претходно беше во сопственост на претседателот на Реал, Флорентино Перез, кој ова импресивно здание го изградил за својата сопруга Марија. Но, откако таа во 2012. година починала тој повеќе не можел да оди таму па решил да ја продаде.

За купувањето на оваа вила се пишуваше уште во 2018. година но Корина Шумахер тогаш се’ негираше.

Сепак, ништо не може да се скрие од времето.

Само на три лица им е дозволено да го посетат Шумахер
Седумкратниот светски шампион во Формула 1 се здоби со тешка повреда на главата при скијање на француските Алпи во 2013. година, а од тогаш многу малку се знае за неговото здравје. Една година подоцна, поточно во септември 2014. година, тој излезе од вештачки предизвиканата кома и беше преместен на домашна нега во вила на брегот на Женевското езеро.


Оттогаш, во медиумите има само малку информации за здравјето на Шумахер. Една од нив ја дала поранешната сопруга на Флавиус Бриаторе, Елизабета Грегорачи.


“Михаел не зборува, туку комуницира само со очите. Само три лица можат да го посетат и јас знам кои се тие”, изјавила Грегорачи за италијанската верзија на шоуто „Големиот брат“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од понеделник на Сител стартува „Магазин“

ТВ Сител во вистински момент го покренува дневната емисија „Магазин“ која би требало да ни …