Починала Хелен Реди – пејачката на хитот кој го обожуваат жените ширум светот

Австралиската пејачка Хелен Реди, која се прослави со феминистичката химна „I Am Woman“ (Јас сум жена), почина во Лос Ангелес на 78-годишна возраст, објави нејзиното семејство во средата.
„Таа беше прекрасна мајка, баба, навистина извонредна жена“, напишаа нејзините деца Трејси и Џордан на официјалната веб-страница на пејачката.
Реди е првата Австралијанка која освои Греми награда за нејзиниот хит од 1971 година „I Am Woman“ (Јас сум жена).
Во говорот кога ја доби наградата во 1973. година, таа му се заблагодари на Бога за кој зборуваше во женски пол велејќи: „Затоа што таа прави се да е можно“.

Зборовите на песната „Јас сум жена, слушни ме како рикам“ послужиле како крик на феминистичките митинзи во 70-тите.
Реди беше активистка и актерка, а за канадското радио CBC во 1972. година изјави дека сака да ги достигне „срцата и умовите“ на жените и „да им даде доверба што ја немале никогаш“.
Реди во последните години живееше повлечено откако и беше дијагностицирана деменција.
Реди е родена на 25. октомври 1941. година во Мелбурн, а неодамна беше снимен филм за нејзиниот живот и премиерно прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, во септември 2019 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ДУША ОД ЧОВЕК – Џон Бон Џови е човек со големо срце: Еве како секој ден им помага на луѓето!

Негова цел е да се прекине ланецот на сиромаштија… Џон Бон Џови е популарен пејач, …