(ВИДЕО) СОБРАЛ СИМПАТИИ – Напаѓачот на Барселона поради навивач во инвалидска количка го запрел автомобилот среде улица

Данскиот напаѓач и член на Барселона, Мартин Брајтвајт (29) вчера собрал многу симпатии на социјалните мрежи.
Имено, се појавило видео во кое Брајтвејт го напушта тренинг центарот на клубот, каде го пречекале неколку навивачи.
Додека повеќето играчи на Барса обично само мавтаат или потпишуваат неколку автограми низ прозорецот, Брајтвајт отишол чекор подалеку.

Данецот забележувајќи навивач во инвалидска количка, го запрел автомобилот на сред пат, ставил заштитна маска и излегол да се слика со него.
Играчот кој во февруари дојде од Леганес во Барселона во трансфер вреден 18. милиони евра, потоа потпиша неколку автограми и си заминал.
Во моментов се опоравува од повредата и се очекува наскоро да му биде на располагање на тренерот на Барселона, Роналд Куман.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) СПЕКТАКУЛАРНО – ЈА ЗАТРЕСОЛ МРЕЖАТА ОД СВОЈАТА ПОЛОВИНА: Фудбалер на Омонија постигнал гол од НАЈГОЛЕМА ОДДАЛЕЧЕНОСТ во историјата на Лига Европа!

Фудбалерот на Омонија, Хорди Гомеш постигнал еден од најатрактивните голови во историјата на Лигата на …