(ВИДЕО) Меки, фини ружички со сирење на ПОИНАКОВ НАЧИН!

Никогаш доволно рецепти за печива со кои ќе ги изненадите домашните за појадок но и за пречекување на гости или како дел од некоја свечена трпеза.
Потребно е:

1 коцка свеж квасец
300 мл млеко
коцкичка путер
1 поголемо јајце
1 лажичка шеќер
малку сол
500 – 550 гр брашно (по потреба)

За полнење:
100 гр сирење
1 белка
1 жолчка од јајце за премачкување
сусам, груба сол ..

Подготовка:
Растворете го квасецот во млекото, додадете шеќер, јајце и стопен путер. Додадете брашно и сол и замесете мазно тесто. Оставете да нарасне и развијте правоаголник на масата со дебелина од околу 1 – 1,5 см.
Со голема чаша или калап извадете ги круговите, а потоа секој круг исечете го на 4. дела кон средината ноне до крај, како на видеото. Ставете го сирењето на средина на кое сте додале белки од јајце.Соединете го секој триаголник кон средината во круг, правејќи цвет.
Се редат во корпички од хартија, а потоа во калапи за мафини. Оставете да стаса, премачкајте со жолчка од јајце и посипете со семе, по вкус.
Печете на 220 степени Ц околу 25-30 минути, покријте го да се одморат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …