(ВИДЕО+ФОТО) Моника Белучи денес го слави 56. роденден: Кариерата ја започна со разголени сцени, од детството плени со убавината а на прагот на 60. ттите изгледа неверојатно добро!

Убавата Моника Белучи денес го слави својот 56-ти роденден, а на нејзината убавина се воодушевуваат каде и да се појави и ретко кој може да го тргне погледот од неа. Пред актерството, таа имаше манекенска кариера која започна на 16-годишна возраст, работејќи прво како модел во Италија за „Долче и Габана“, а потоа во Њујорк и Париз, каде беше забележана од други големи дизајнерски куќи и наскоро го сними својот прв филм „Живот со синовите“.

Немаше проблем да снима голи сцени и да се соблече пред камерата, па нејзините актерски почетоци ги обележаа токму такви сцени, но улогата во филмот „Малена“, кој ја одбележа нејзината кариера, ја однесе на ѕвезденото небо. Потоа следуваа „Пакт со волците“, „Воздишки на сонцето“, „Дракула“, „Пасија“, „Џејмс Бонд“ и сè друго е историја на големата актерска sвезда и икона за убавина.

Нејзината појава и денес зрачи со сексапил, а нејзиниот профил на Инстаграм, каде има 3,4 милиони следбеници, е полн со предизвикувачки фотографии на кои гордо ги истакнува своите бујни облини. Многумина не можат да им одолеат, а не можел ниту 18-години Николас Лефевр, со кого е во љубовна врска од 2017. година и кого две години го криеше од јавноста цели две години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од понеделник на Сител стартува „Магазин“

ТВ Сител во вистински момент го покренува дневната емисија „Магазин“ која би требало да ни …