Адел „фатена“ со новиот дечко: Се забавувале во Лондон

Откако го раскина седумгодишниот брак со Симон Конецки, Адел ја започна својата трансформација. Многумина веруваат дека разводот е причина за диетата со чија помош Адел ослабе неверојатни 45. килограми. По разводот, медиумите шпекулираа дека Адел влезе во врска со раперот Скепт, а медиумите конечно ги фатија заедно.
„The Sun“ ексклузивно откри дека музичките sвезди биле многу блиски минатата година по разводот на Адел и дека уживале во времето поминато заедно. Тогаш еден извор изјавил дека се случува романса помеѓу Адел и Скепта. Сега гласините за романса меѓу двајцата повторно се појавија откако биле забележани во ноќно излегување во Лондон.


Во петокот вечерта, на 25. септември, музичките sвезди биле видени како уживаат во заедничкото ноќно излегување во барот „Otherwold“. Ним им се придружи и Jaмер, кој е дел од рап колективот на Скепта „Boy better know.”.
Адел и Скепта разменуваат блиски пораки и на социјалните мрежи. Двајцата сè уште не ги потврдија овие гласини, но сите велат дека станува збор за љубовна приказна.
Нивното пријателство датира од 2016. година. Адел еднаш објави слика на Инстаграм со коментар „Момче од Тотенхем“. Скепта тогаш во коментар до Адел рече дека ја сака.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) После два пропаднати брака најубавата холивудска глумица повторно се омажила

Актерката Скарлет Јохансон се омажи за актерот и комичар Колин Јоста, пренесува Си-Ен-Ен. Како што …