10. протеински „бомби“: Храна која има повеќе белковини од јајцата

Тофу


Тофу е еден од најприфатливите извори на протеини, а содржи и растителни влакна, железо и калциум. Тофуто многумина го нарекуваат сирење од соја затоа што се подготвува на многу сличен начин како класичните млечни производи од животинско потекло, но се служи на сосема поинаков начин. За да го извлечете најдоброто од тофуто, треба да го маринирате во зачини или да го мешате со друга храна и да готвите, да крчкате, да пржете и да печете.
Сто грама тофу содржи околу 75. калории, што е пет до шест пати помалку од тврдото сирење од животинско потекло и има 8. гр протеини на 100 гр. Обидете се со „лажни јајца“ кои не мора да се јадат само за појадок.

Месо од мисирка


Мисирката не треба да биде резервирана само за празници и неделен ручек бидејќи има 29. гр протеини на 100 гр, а во сите рецепти може да го замени пилешкото од кое има помалку маснотии. Оваа „птица“ е нутриционистички значително покорисна од црвеното месо.

Леќа


Половина чаша зготвена леќа има дури 9. грама протеини, а ако ги земете во предвид и другите придобивки што ги има за организмот, треба почесто да се наоѓа на списокот за шопинг. Бидејќи е богата со растителни влакна, многу е добра за варење, делува на намалување на шеќерот и холестеролот во крвта, но исто така има корисен ефект врз срцето и крвните садови. Има многу витамини од групата Б и разни минерали: фосфор, магнезиум, цинк и железо. Ако барате идеја за ручек, пробајте вкусна салата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОЛКУ ОРЕВИ, А КОЛКУ ДРУГИ ЈАТКИ ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ ДНЕВНО: За максимална корист!

Јатките се важен дел од здравата исхрана, заедно со свеж зеленчук и овошје. Ниту една …