Не можела да поверува што има во мозокот
29-годишна жена од кинескиот град Гвангжу учествувала во сообраќајна несреќа во која се здобила со лесни телесни повреди.
Со цел да провери дали е сè во ред, таа отишла во локалната болница на преглед.
Таму, лекарите на скенер, сосема неочекувано, пронашле две огромни игли во нејзиниот мозок. Иглите биле долги по пет сантиметри и немале никаква врска со сударот од тоа утро.
Од друга страна, девојката останало во шок бидејќи никогаш не почувствувала некои карактеристични главоболки или имала чувство на печење на скалпот, пренесува кинескиот портал Соху.
Кога лекарите повторно ја прегледале, откриле дека иглите се карактеристично прецизно поставени, па дошле до објективен заклучок дека од некои колеги сигурно и биле вметнати игли во мозокот за одредена цел кога била мала.
Девојката, така, ќе го продолжи својот живот со знаење дека има две игли во мозокот.