Овие знаци покажуваат дека вашето тело има недостаток на фолна киселина: Жените треба да обрнат посебно внимание на овие симптоми

Кои симптоми укажуваат на недостаток на фолна киселина во организмот!
Фолната киселина е вид на витамин Б и влијае на ДНК, го поправа оштетувањето на ДНК и е одговорна за производство на црвени крвни клетки.
Недоволно внесување на фолна киселина преку исхраната може да предизвика разни нарушувања во функционирањето на организмот, да го зголеми ризикот од анемија и генетски мутации.
Фолната киселина е особено важна за жените кои планираат бременост и бремените жени, бидејќи доволното внесување на фолна киселина во организмот го намалува ризикот од дефекти и генетски нарушувања на фетусот во раните фази на бременоста.
Општо земено, повеќето луѓе обезбедуваат доволна количина на фолна киселина од храната, додека на бремените жени им се препорачува да користат додатоци.


Кои се симптомите на недостаток на фолна киселина во организмот:
замор
рано појавување на седа коса
рани во устата
оток на јазикот
проблеми со растот и развојот кај децата

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од понеделник на Сител стартува „Магазин“

ТВ Сител во вистински момент го покренува дневната емисија „Магазин“ која би требало да ни …