Десет намирници кои го чистат црниот дроб и го забрзуваат согорувањето на калориите

Што и да јадеме и пиеме во текот на животот, поминува низ нашиот црн дроб. Затоа овој орган страда и ги апсорбира сите наши лоши навики во исхраната и го штити нашето тело преку својата работа. Ако сакате да направите добра работа за вашето тело, а со тоа и за вашиот црн дроб, научете како да го одржувате здраво и како да го „исчистите“.

Масна и пржена храна, нездрави пијалоци, алкохол и лекови се главните непријатели на нашиот црн дроб, кој во организмот има функција на филтер што го чисти организмот од штетни состојки. Но, токму поради напорната работа, црниот дроб може да биде многу оптоварен, а тоа може да предизвика здравствени проблеми.

Бидејќи црниот дроб не е поврзан со нашиот нервен систем, заболениот црн дроб нема да не заболи и затоа болеста е многу тешко да се открие. Но, добрата вест е дека црниот дроб се обновува и скоро секое оштетување може да се санира.
Храна за чистење на црниот дроб:


1. Лук – го стимулира производството на ензими кои му помагаат на телото да исфрли токсини.
2. Цитруси – богати со витамин Ц, цитрусот е моќен антиоксиданс кој му помага на црниот дроб побрзо да ги апсорбира штетните материи.
3. Цвекло – богато со флавоноиди, го стимулира црниот дроб и ја подобрува неговата работа.
4. Зелен чај – состојката катехин со која е богат овој чај е моќен антиоксиданс што го чисти организмот.


5. Зелен зеленчук со лисја – спанаќ, кељ, блитва и зелена салата се полни со хлорофил и се многу ефикасни во неутрализирање и исфрлање на токсините од крвниот систем.
6. Ананас – полн е со витамин Ц и делува како природен диуретик кој ослободува токсини од телото.
7. Нане – лисјата од нане се богати со флавоноиди кои делуваат како моќен антиоксиданс.
8. Џумбир – многу моќен антиоксиданс кој го забрзува метаболизмот, помага да се исфрлат маснотиите од телото.


9. Ореви – содржат големи количини омега-3 масни киселини и аминокиселини кои го забрзуваат процесот на детоксикација.
10. Зелка – исто како брокулата и карфиолот, зелката има силно влијание врз ензимите на црниот дроб, кои ја регулираат и забрзуваат нејзината работа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ОПШТЕСТВЕН ЕКСПЕРИМЕНТ – АКО СЕ ПРАШУВАТЕ КАКО ИСЧЕЗНУВААТ ДЕЦАТА ЕВЕ ООДГОВОР: Пораз на цивилизацијата! Ова видео мора да го видат сите родители! ВО ШТО СЕ ПРЕТВОРИВМЕ!

Веста за исчезнувањето на дете, за жал, стана премногу честа на страниците на црните хроника …