(ВИДЕО) Со само 5. загубени гемови Новак Ѓоковиќ „одлета“ до второто коло на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ го победи Микаел Имер од Шведска со 6:0, 6:2, 6:3 во првото коло на Ролан Гарос за еден час и 38 минути.
Новак во второто коло ќе се сретне со Ричард Беранкис, кого неодамна го победи во „Синсинати“. Литванецот беше подобар од Делијен во три сета.

Ѓоковиќ загуби вкупно шест поени во првиот сет, а тогаш веќе беше јасно дека ќе забележи рутинска победа. Најдобриот тенисер на светот го доби вториот сет лесно и брзо, а Имер пружи малку посилен отпор само во третиот сет.
Новак мечот го заврши со 32 директни поени и 22 неизнудени грешки, додека односот на 22-годишниот Швеѓанец во тие категории беше 12-27.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) СПЕКТАКУЛАРНО – ЈА ЗАТРЕСОЛ МРЕЖАТА ОД СВОЈАТА ПОЛОВИНА: Фудбалер на Омонија постигнал гол од НАЈГОЛЕМА ОДДАЛЕЧЕНОСТ во историјата на Лига Европа!

Фудбалерот на Омонија, Хорди Гомеш постигнал еден од најатрактивните голови во историјата на Лигата на …