Успешна битка за живот: Со внесување на една овошка го победила ракот на тироидата!

Скоро секојдневно во јавност се појавуваат убави приказни за луѓе кои ги одбиле советите на лекарите за стандардно медицинско лекување на канцерот, и кои со почнување на некаков систем на исхрана успеале повторно да бидат здрави. Еден од тие позитивни и охрабрувачки примери е млада жена од САД…
Кендис Мари Фокс (31) ,поранешен модел, била „скршена“ кога лекарите и рекле дека поради ракот на тироидната жлезда, кој се проширил и на другите органи, според нивните проценки и останале уште само пет години живот.

Сепак младата жена одбила да оди на хемотерапија и наместо тоа секој ден јадела по три ананаси. Во својата исхрана внела и грејпфрут, лимон, папаја, јаболки, киви и банани. Ги јадела свежи но и како смути. Освен тоа, во текот на лекувањето, тврди дека не внела никакви продукти од животинско потекло.


Во рок од шест месеци ракот во четвртата фаза речиси исчезнал, а лекарите и потврдиле дека е целосно излекувана.

„Се ослободив од ракот така што го изгладнував. Дознав дека бромеланот од ананасот, кивите и папајата го уништува протеинскиот слој на ракот. Протените од животинските производи го хранат ракот, а кога јадам големи оброци мојата енергија се усмерува на варењето на храната, па телото не може да се лекува, вели таа.


„Јадев по малку овошје, го изгладнував ракот, па така за шест месеци се ослободив од ракот. Повеќе немам карцином и многу сум благодарна поради тоа“, вели младата жена.

На тестот за тироглобулин – протеин произведен од клетките со канцер – докторите откриле дека нејзините нивоа од 13,0 дошле на 0,7 нанограми за милилитар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Солзи радосници од Сара Мејс: „Дали е реално дека се наоѓам на WHD specials? И тоа со вистинското име на мојата земја?“

„Дали е реално дека се наоѓам на WHD specials ?!?   И тоа со вистинското …