Најголемите нарциси се раѓаат во овие три знаци: Што да очекувате од нив!

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Ако некогаш сте имале работа со нарцис, тоа е веројатно искуство кое не сакате да го повторите. Ако не, тогаш ова е искуство што дефинитивно сакате да го прескокнете.
Не велиме дека сите луѓе родени во овие знаци се нарциси, но, како што наведува Your Tango, овие три знаци покажуваат многу нарцисоидни одлики.

Бик
Биковите понекогаш веруваат дека се подобри од сите и дека заслужуваат повеќе од другите. Ним им недостасува емпатија затоа што ако нешто не им се случи, не треба да размислуваат за тоа. Тие се тврдоглави и секогаш сакаат да биде по нивно и често имаат проблеми со бесот. Тие се вистински господари на манипулацијата и знаат да бидат плитки и материјалистички.

Лав
Лавовите се толку полни со себе, што е тешко да не се заклучи дека се нарциси. Убедени се дека целиот свет се врти околу нив и дека што и да прават ќе остане така. Иако изгледаат полни со самодоверба, тие се несигурни, што е карактеристика на нарцисите.

Скорпија
Ако се чувствуваат добро, Скорпиите не покажуваат нарцисоидно однесување, но ако некој ги изневерил или повредил, тие веднаш ќе се фокусираат на одмазда и нема да им биде грижа кога ќе ги повредат. Нивната одмазда е ладна и пресметана, и понекогаш се чини дека не гледаат ништо лошо во тоа да користат други за да ги постигнат своите цели.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за сабота, 31.10.2020: Бикот мора да најде индиректен начин,Ракот мора да покаже добра волја, за Девиците љубовта е сеуште мистериозен код…

Овен Љубов: Треба да се придржувате до докажаните стандарди. Обрнете внимание на лицето кое одговара …