(ВИДЕО) Торта од чоколадо со ориз

Ако сте љубител на оризот овој рецепт сигурно ќе ве израдува
Состојки на кора:
6 белки
100 гр кристал шеќер
1 лажица брашно
1 лажица оцет
100 гр кокосово брашно

Состојки за фил:
6 жолчки
5 лажици кристален шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
250 гр маргарин
300 гр чоколадо со ориз
Подготовка:кора: изматете ги белките и шеќерот. Потоа додадете брашно, оцет и кокосово брашно. Убаво измешајте и печете 15-20 минути на 200 степени.
Фил: изматете ги жолчките со шеќерот и ванилата па варете го кремот на пареа. Кога кремот ќе се згусти додајте ги маргаринот и чоколадо со ориз исечени на помали парчиња, убаво измешајте да се поврзат состојките и филот истурете го врз кората. Израмнете и оставете неколку часови да се излади.
По желба тортата украсете ја со шлаг, или само наросете кокосово брашно, по ваша желба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Здружението „Храбро Срце“ ја започнува кампањата за органодарителство

Како што добро знаете на 10.10.2020г. за првпат го одбележавме Европскиот ден за органодарителство. На …