(ВИДЕО) НЕРАЗЈАСНЕТИ ОКОЛНОСТИ НА СМРТТА – Глумицата од најпознатиот хорор филм пронајдена мртва во својот стан: Се сомневаат на самоубиство!

Јапонската актерка Јуко Такеучи (40), sвездата на легендарниот хорор филм „Круг“, била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Токио.
Полицијата започнала истрага, а според извештаите во медиумите, постои сомневање дека оваа наградувана актерка, мајка на две деца, најверојатно извршила самоубиство.
Телото на актерката го пронашол нејзиниот сопруг, исто така актер, Таики Накабајаши, а лекарите во болницата можеле само да ја констатираат нејзината смрт, пренесуваат медиумите.
Такеучи беше позната актерка во Јапонија, а беше најпозната по улогата во познатиот јапонски хорор филм „Прстен“ од 1998 година. Таа се здоби со светска популарност во 2018 година, играјќи во серијата „Мис Шерлок“ во продукција на ХБО.
Трејлер за култниот хорор од 1998 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Глумецот во 63. година го добил седмото дете: Татко на шестото станал пред половина година!

Хиларија и Алек Болдвин го добиле своето шесто дете. Хиларија објавила фотографија на која позира …