(ФОТО) ОБЈАВИЛЕ СРЕЌНИ ВЕСТИ: Актерскиот пар од серијата „Игри на тронови“ чека бебе

Актерката Розли Лесли и нејзиниот сопруг, актерот и продуцент Кит Харингтон, кои се прославија со улогите во серијата „Игра на тронови“, објавија дека наскоро, по прв пат, ќе станат родители.
Розли и Кит се запознаа на снимањето на популарната „Игра на тронови“ и наскоро влегоа во врска.


Двојката неодамна прослави две години брак, а нивното прво заедничко дете ќе дојде како круна на љубовта.
Актерката открила дека е бремена за време на сликањето за списанието „Make“. Во магазинот се појави црно-бела фотографија на која позира со насмевка во црн фустан, на која до израз дошол нејзиниот труднички стомак.

Кит Харингтон неодамна откри дека пораснал во средина во која родовата разновидност била сосема нормална и дека верува дека многу мажи имаат потешкотии со сопствените чувства што ги наследиле од своите татковци и дедовци.
„Не зборуваме за тоа затоа што покажува слабост, не е мажевно. Откако играв тивок херојски маж, мислам дека нема да се вратам на вакви улоги“, рекол Харингтон.
Наместо играчки наменети за момчиња, неговата мајка му купувала кукли. И тој и неговиот брат го ценат начинот на кој ги воспитувала нивната мајка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од понеделник на Сител стартува „Магазин“

ТВ Сител во вистински момент го покренува дневната емисија „Магазин“ која би требало да ни …