(ФОТО) Викторија Бекам направила фармерки по кои полудел светот: Удобни, и и’ стојат на секоја жена!

Новиот тренд на фармерки е удобен и шик
Деновиве во Лондон се одржа модната недела, а во склад со целата година, повеќето модни ревии и колекции се прикажуваат дигитално. Дизајнерката Викторија Бекам планираше да организира мала модна ревија во салонот за 15 лица, сепак, таа се откажа во последен момент. Наместо тоа, таа вчера сподели видеа и слики од својата нова колекција S/S 21 на својот Инстаграм профил.
Оваа колекција беше имплементирана за време на карантин и се состои од вкупно 20. модели, двојно помалку во споредба со 40-те прикажани минатата сезона. Фокусот е ставен на основните елементи на самиот бренд: прекрасни едноставни фустани, кошули со големи димензии и елегантен, класичен крој. Боите се избрани да додадат живост, па нијансите на јоргованот, лимонот и прозирно зелена боја ја разбиваат класичната палета на црна, бела, окер и темносина боја.

Како што и самата рекла, Викторија Бекам нашла инспирација за боите што ги гледаме во нејзините нови креации во кујната. Таа за Гардијан објаснила дека „била инспирирана од храната што нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, често ја подготвувал во карантин“.

Покрај самата колекција, обожавателите на ликот и делото на креаторката го забележале и она во што Викторија решила да се поклони на „модната писта“. Имено, таа споделила семејна фотографија на Инстаграм, слика на нејзината единствена публика годинава: сопругот и децата, каде ја гледаме облечена во новиот тренд на фармерки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 2. РЕЦЕПТИ ЗА ВИКЕНД КОЛАЧИ: Минимално време во кујната за максимално уживање!

Пред нас е викенд и можноста за подготвување колачи. Ако сакате помалку да бидете во …