Стар рецепт за јакнење на имунитетот, подобро железо и крвна слика: Потребен ви е мед и уште 3. здрави намирници

Природен лек од 4 состојки за зајакнување на имунитетот, лекување на анемија и подобрување на состојбата на железо во крвта – еве како да го направите сами!
Медот е храна што се користи во природната медицина со векови и се знае дека одлично влијае на состојбата на имунитет, pH вредност во организмот и може да послужи како алтернатива на белиот шеќер. Овој природен засладувач најдобро се користи во чиста и непреработена состојба за зајакнување на имунитетот.

Лимонот е цитрус со најголема доза на витамин Ц и алкална храна што ја подобрува pH вредноста на организмот, додека семето од коприва е богато со железо, се користи за лекување на анемија, има ефект на детоксикација и чисти крвни садови.
Рецепт за природен лек за зајакнување на имунитетот и подобра состојба на железо во организмот


Ставете 4 органски лимони со целата кора во блендер, само исчистете го од семе и мешајте додека лимонот не се претвори во пулпа. На суво сомелете 50 гр семе од коприва и 100 гр бадеми. Истурете го лимонот, бадемите и семето во тегла мед од 1 литар и добро измешајте со дрвена лажица.
Лекот чувајте го во фрижидер и секој ден земајте по 1 лажица наутро на празен стомак или по 3 лажички во текот на денот, во зависност што повеќе ви одговара.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НЕОПХОДЕН – Што укажува на недостаток на витаминот Б12 и зошто е важен

Погледнете како да препознаете недостаток и како да ја зголемите количината на овој витамин во …