Големата награда на Русија за Валтери Ботас

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас триумфираше на трката за Големата награда на Русија, 10-та трка од годинашниот шампионат во Формула 1.
Финецот славеше по втор пат во својата кариера во Сочи, каде ја оствари втората победа годинава, и деветта во кариерата.
Најблиску до Ботас беше Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул, додека бранителот на титулата Луис Хамилтон беше на третиот пиедестал од подиумот. Британецот на тој начин ја пропушти првата можност да се изедначи со рекордот на Михаел Шумахер по бројот на победи во историјата, а следната шанса ќе ја има за две недели на патеката „Нирбургринг“.

Борбата за триумф во Сочи практично не постоеше, бидејќи Хамилтон се чинеше самиот себеси, а Ботас профитираше од грешката на неговиот тимски колега. Британецот тоа го направи уште пред да започне трката, бидејќи го вежбаше стартот на излезот од боксот, а не на делот од патеката наменет за тоа. Хамилтон навистина го праша тимот дали може да го стори тоа, тој доби потврден одговор, но поради тоа беше под истрага и беше казнет со два казни од по пет секунди.

Шесткратниот светски шампион поведе од самиот почеток и ја држеше лидерската позиција до 17-от круг, кога отиде во боксот да ја одработи својата казна и да добие нови гуми. До тој момент, Ботас кој заостануваше околу две секунди од Британецот, тогаш ја наследи лидерската позиција и водството не беше загрозено во ниту еден момент. Исто како Финецот, Ферстапен возеше осамена трка, додека Хамилтон се проби на третата позиција и со претекнување и благодарение на заминувањето на возачите, кои беа пред него, да ги сменат гумите.
Покрај победата на Ботас, како и грешките на Хамилтон и Мерцедес, Големата награда на Русија ја одбележаа и инциденти што се случија по стартот. Тогаш, најпрво, возачот на Мекларен, Карлос Саинс отиде широко и кога се врати на патеката, тој ја погоди заштитната ограда, додека Ленс Строл, во болидот „на Рејсинг Поинт, имаше контакт со возачот на Ферари, Чарлс Леклер, па го стори истото што и Шпанецот. На патеката излезе безбедносно возило, кое остана на неа до шестиот круг, а најголемите борби беа видени зад водечките тројца.

https://twitter.com/F1/status/131017841848343441664

Победник во тие борби беше возачот на Рејсинг Поинт, Серхио Перез, кој го зазеде четвртото место, пред Даниел Рикардо во Рено, кој исто така беше казнет за проблематично враќање на патеката при излетувањето. Леклер беше седми на крајот, а го следеше уште еден возач на Рено, Естебан Окон и миленикот на домашната публика, Данил Квјат. ПОсвојувачите на поени ги комплетираа возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли и Александар Албон во вториот болид на Ред Бул. Албон ја задржа десеттата позиција, иако беше казнет со додавање на пет секунди, бидејќи не ги следеше упатствата на управата на трката.
И’ додека Хамилтон не успеа да го достигне рекордот на Шумахер во Сочи, Кими Раиконен се изедначи со Рубенс Баричело по бројот на трки. За Финецот, неделната трка беше 322-та во кариерата, и сигурно е дека тој ќе стане рекордер во следната.
Хамилтон сега води во генералниот пласман со 205 поени, а го следи Ботас со 161.
Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува на 11. октомври со наградата Ајфел на патеката Нирбургринг.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) УЖАСНО – ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПРИЗОРИ, БОРЕЦ УМРЕЛ ВО РИНГОТ: Млад професионален борач примил незгоден удар и само паднал!

Веднаш се онесвестил, а противникот и судијата брзо забележале дека нешто не е во ред …