(ВИДЕО) Ролан Гарос започна со скандал:„Не сме патки, ‘ајде чао’!“

Белорусинката Викторија Азаренка, 14-та играч во светот, ја победи Црногорката, Данка Ковиниќ со 2:0 (6:1, 6: 2) во 1. коло на Ролан Гарос, но за време на првиот сет, при резултат 2:1, направи скандал поради дождот што почна да паѓа, температура од осум Целзиусови степени а според наредба на судијата и супервизорот требаше да чекаат дождот да престане на теренот.

„Ова станува по малку смешно. Не сакам да седам тука затоа што се смрзнувам. Нема да чекам уште една минута, тука е ледено, осум степени. Јас живеам во Флорида. Јас сум навикната на топло време“, беше лута Азаренка, која облече јакна и ги покри нозете со крпи додека седеше на столчето со чадор во рацете.

Судијата се обиде да ја смири, но Азаренка не се предаде, па се сврте кон Данка Ковиниќ:
„Дали сакаш да останеш на теренот?
Данка мирно одговори дека не сака.
„Ете, ниту таа не сака, бидејќи е смешно и премногу студено. Што е поентата? Седиме овде како патки“, рече Азаренка и покрај предупредувањето да не го прави тоа, сепак го напушти теренот, а Ковиниќ ја следеше.

На другите тенисерки на другите терени тоа не им беше дозволено. Азаренка и Ковиниќ по половина час пауза се вратија на теренот и го продолжија натпреварот.
Пред почетокот на турнирот, многу тренери и тенисери изразија загриженост за датумот на одложениот турнир, бидејќи не е исто да се игра тенис во Париз кон крајот на мај и почетокот на октомври.
Коронавирусот очигледно нема да биде единствениот проблем што може да предизвика проблеми на Ролан Гарос.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) УЖАСНО – ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПРИЗОРИ, БОРЕЦ УМРЕЛ ВО РИНГОТ: Млад професионален борач примил незгоден удар и само паднал!

Веднаш се онесвестил, а противникот и судијата брзо забележале дека нешто не е во ред …