Бред Пит проговорил за врската со младата манекенка: „Се чувствувам сакано и чувано!“

Актерот Бред Пит (56) веќе неколку месеци ја љуби својата нова девојка, 27-годишната германска манекенка Никол Потуралски, која дури ја однесе и на романтичен одмор во замокот во Франција, каде се ожени со својата поранешна сопруга, 45-годишната актерка Ангелина Џоли.
Извор близок до ѕвездата на филмот „Некогаш во Холивуд“ потврдил дека Бред се чувствува среќен во врската и не е оптоварен со коментарите на неговата нова девојка, ниту на неговата поранешна сопруга Ангелина, со која следниот месец ќе има последна судска битка околу старателството над нивните шест деца. Освен тоа, Бред не сака да открива премногу за неговиот приватен живот, па затоа решил да не се меша во потенцијални идни конфликти помеѓу Никол и Ангелина.


„Бред не беше премногу изненаден што сите зборуваат за неговата нова врска. Во оваа фаза од животот, Бред е едноставно среќен што нашол некој што го сака, се грижи за него и го чува“, изјавил извор близок на актерот и открил дека Пит, во доверба му рекол дека сега „се чувствува сакан и чуван“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од понеделник на Сител стартува „Магазин“

ТВ Сител во вистински момент го покренува дневната емисија „Магазин“ која би требало да ни …