(ФОТО) Работела во кафуле облечена како БАНАНА, била злоставувана… Познатата глумица признала дека има комплекси!

Меган Фокс се прославила откако машко списание ја прогласило за најсекси жена на светот во 2008. година.
Нејзините родители Глорија Дарлен и Френклин Томас Фокс се развеле кога таа имала три години. Во едно интервју, актерката рекла дека нејзината мајка и татко биле многу строги и дека никогаш не и дозволувале да има момче или да поканува пријатели во куќата.
Почнала да посетува часови за глума и танцување на 5-годишна возраст, а на десетгодишна возраст се преселила во Флорида, каде завршила католичко училиште. Меган честопати била малтретирана од децата на училиште.
„Страдам од комплекс на помала вредност и постојано стравувам од исмејување“, истакнала актерката и признала дека е ранлива, но агресивна.

Живеела со нејзината мајка се’ додека не собрала доволно пари за да започне да живее сама. На 17. години се преселила во Лос Ангелес со своето момче и никогаш не сакала да го открие неговото име. Таа ја изгубила невиноста со него и во едно интервју изјавила дека станува збор за вистинска љубов и необичен секс. Живеела скромно и никогаш не барала пари од своите родители. За да ја плати киријата, таа се вработила во кафуле во кое работела облечена во банана.

„Можев да бирам помеѓу јаболко и банана, а јас избрав бананата затоа што изгледам потенка во неа“, изјавила Меган, која верува дека имала нормална младост.
Таа ги имаше најзабележителните улоги во филмовите „Transformers“, „Friends with Kids“, и „This Is 40“. На снимањето на серијата „ Hope&Faith“, таа го запознала нејзиниот сопруг Брајан Грин, ѕвездата на американската серија „Беверли Хилс 90210“. Брајан ја запросил сексапилната актерка на плажа во луксузен хотел на Хаваи. Сепак, нивната среќа ја расипало губењето на дијамантскиот прстен некаде на плажа.

View this post on Instagram

#ad #fredericks_hollywood #flauntfredericks

A post shared by Megan Fox (@meganfox) on

Поради несогласувања во бракот, Меган решила да поднесе барање за развод.

Таа сега е во врска со помладиот рапер Машина Ган Кели, со кого соработувала на еден проект, а многумина велат дека поради тоа на крајот и се развела од сопругот со кого бракот го одржувала поради трите деца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од понеделник на Сител стартува „Магазин“

ТВ Сител во вистински момент го покренува дневната емисија „Магазин“ која би требало да ни …