(ФОТО) Ѓоковиќ повторно се раздели од семејството: Тато отиде по нов Грен слем!

Утре започнува Ролан Гарос, а според мнногумина главен фаворит за пехарот на Ролкан Гарос е првиот тенисер на светот…Шегаџија, каков што е, тој позирал во балон од сапуница, што е несекојдневно доживување.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави интересна фотографија на својот Инстаграм профил. Тој позира во балон од сапуница, што е несекојдневно доживување.
„Тато сега е во вистински балон, хахахахах- напиша Ѓоковиќ во описот од фотографијата.

Тато се пошегува со балонот но повторно го остави семејството а за разделбата фотографија објавила Јелена Ѓоковиќ.

„Добро, тато, пак заминуваш, групна прегратка“ напишала Јелена во описот на фотографијата.
Но, и додала уште една за ангелот чувар на Новак,… ќерката Тара која на почетокот на септрември наполни три години.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, во вторник ќе стартува на Ролан Гарос, кога за противник во првото коло ќе го има Швеѓанецот Микаел Имер, 80-ти на ранг-листата на АТП.
Во Париз моментално врне, што Ѓоковиќ го сподели на социјалните мрежи, со армија навивачи, но до неговиот прв натпревар временските услови секако ќе се подобрат.


Српскиот тениски ас сака да додаде уште еден Грен слем во неговата богата колекција трофеи по трофејот во Рим, на постојните 17. што ги има во моментов.
Негов прв ривал на Отвореното првенство на Франција ќе биде Микаел Имер, додека во второто коло треба да се натпреварува со Хуго Делиен или Ричард Беранкис.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) СПЕКТАКУЛАРНО – ЈА ЗАТРЕСОЛ МРЕЖАТА ОД СВОЈАТА ПОЛОВИНА: Фудбалер на Омонија постигнал гол од НАЈГОЛЕМА ОДДАЛЕЧЕНОСТ во историјата на Лига Европа!

Фудбалерот на Омонија, Хорди Гомеш постигнал еден од најатрактивните голови во историјата на Лигата на …