(ФОТО) Секси чевлите на Рита Ора предизвикале кавга на социјалните мрежи

Рита Ора е пејачка која често ја гледаме во секси изданија, а нејзините модни избори често предизвикуваат поделени реакции. Еден аутфит на модната недела во Милано предизвикал големи полемики.
Рита Ора, музичка sвезда со косовско потекло, беше вистинска street style sвезда на Модната недела во Милано.
Познато е дека поради нејзините модни избори, таа често е мета на критичарите, а нејзините смели облеки сигурно не се секогаш по вкусот на пошироката јавност. Сепак, Ора (29) тоа воопшто не ја засега.
Таа успеала да го постигне она за што многумина сонуваат за време на пандемијата – да ја посети модната недела во Милано, која сè уште се одржува со строги мерки. Нејзиниот стајлинг на овој настан привлече големо внимание и ги раскарал корисниците на социјалните мрежи.

Рита носела кратко крзнено палто со потпис Fendi со класична чанта од истата марка, а облеката ја надополни со црни чевли со необични детали: мрежести чорапи и два кожни ремени околу ногата. Тоа е навистина необичен чорап-чевел кој сè уште не влегол во „мејнстрим“ трендовите. Сепак, овој детал на многумина не им бил премногу модерен и кул, а за ваков изглед навистина треба цврст став.


Додатоците со кои Рита дополнително ги зачинила бундата и чевлите биле предимензионирани обетки и ефективни очила, заедно со неизбежната заштитна маска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од понеделник на Сител стартува „Магазин“

ТВ Сител во вистински момент го покренува дневната емисија „Магазин“ која би требало да ни …