(ФОТО) Пријател тврди дека ѕвездата на „Беверли Хилс“ умира

Шенон Доерти (49), американска актерка најпозната по улогите како Бренда Волш во тинејџерската серија „Беверли Хилс“ и Пруденс Халивел во „Вештерки“, повторно се бори за својот живот.

Иако пред неколку години го надмина ракот на дојка и се врати на малите екрани, во февруари годинава објави дека ракот се вратил и дека сега е во последната, 4-та фаза.

Ракот се проширил на лимфните јазли. Како што се повлекуваше од очите на јавноста, многумина се прашуваа како е, а одговорот сега го даде нејзиниот популарен колега Брендон од серијата, а денес 51-годишниот Џејсон Пристли кој денес исто така е непрепознатлив во споредба со периодот кога глумеше во некогашната супер популарна серија „Беверли Хилс“.

Во интервју за телевизиската станица „Студио 10“, тој рекол дека Доерти е во „прилично добар дух“ и дека нема да престане да се бори со сите сили за живот.

„Шенон е навистина силна девојка, таа е борец и секогаш беше борец и знам дека ќе продолжи да се бори колку што може“, изјавил Џејсон, кој го играше нејзиниот брат Брендон во серијата.

Неговите зборови за жал не ги утешија обожавателите на Шенон Доерти и серијата што ги одбележа 90-тите години, бидејќи се надеваа дека актерката успеала да се опорави. Сепак, исто така е јасно дека надежта сè уште постои.
Изјавата за медиумите ја дал друг пријател од Доерти, кој сакал да остане анонимен, а неговата изјава растажи многу обожаватели и откри сосема поинаква слика за здравјето на актерката.

 

„За жал, нејзината состојба е толку лоша што мислам дека нема да доживее да ја види 2021. година. Таа умира! Ова го кажувам со тешко срце, но Шенон не сака да бега од вистината и знае што ја чека наскоро“, изјавил извор близок до актерката

View this post on Instagram

And just like that, the twins are back.

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од понеделник на Сител стартува „Магазин“

ТВ Сител во вистински момент го покренува дневната емисија „Магазин“ која би требало да ни …