(ВИДЕО) „Фрајле“ „Багажникот го наполнивме со пиперки за ајвар – најубави се тука!“

Новосадската група „Фрајле“ имаше настап во Скопје. Еднакво енергичен како и оној кога во авион на 10.000 метри ги кренале патниците на нозе, патоа бил лет со луда забава и многу музика. „Фрајле“ ја чинат четири девојки, кои се заедно 11 години на музичката сцена. Зад себе имаат свои хитови, но и преработки на популарни песни од познати музичари. Освен што привлекуваат внимание со изгледот, тие имаат и посебна харизма.

„Секогаш кога сме во Македонија сакаме да останеме уште малку подолго. Утрово појадувавме во Старата чаршија, а нè честеа и баклава. Овојпат дојдовме со автомобил, па сега багажникот ќе го наполниме со по една вреќа пиперки за да направиме ајвар дома“, открија девојките од „Фрајле“.

Името на групата е типично за Војводина и значи госпоѓици. Нивната музика ја сакаат сите, а ЗдравкоЧолиќ често вели „Фрајле се во мода“. Му се допаднаа и на покојниот Оливер Драгоевиќ со кого неколку пати пееја на иста сцена.

Во времето на карантинот напишаа книга, раскажаа за бившите дечковци во Македонија, за првиот голем хонорар кога се посрамиле пред газдите на клубот, за анегдотите што ги имаат со Оливер, но и за Црногорците што им го грешат името…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) После два пропаднати брака најубавата холивудска глумица повторно се омажила

Актерката Скарлет Јохансон се омажи за актерот и комичар Колин Јоста, пренесува Си-Ен-Ен. Како што …