(ВИДЕО) Тоа е Хамилтон: Вчера меѓу последните, денес најбрз!

Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, го постигна најдоброто време на последниот тренинг пред трката во Формула 1 за Големата награда на Русија.
Британецот во Сочи,оваа сезона ја запиша осмата пол-позиција, и 96-та во кариерата, бидејќи беше побрз од Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул за повеќе од половина секунда. Трет на стартот ќе биде Валтери Ботас во вториот Мерцедес, кој беше десетинка подалеку.

Хамилтон стигна до пол-позицијата откако се спаси во вториот дел од квалификациите во последен момент. Поради излетувањето на Себастијан Фетел, на патеката беше истакнато црвено знаме на две минути пред крајот на тој дел, а кога акцијата продолжи, шесткратниот светски шампион го започна најбрзиот круг практично една секунда пред истекот на времето.

Кога дојде до борбата за пол-позицијата, Британецот беше незапирлив, се чинеше дека најблиску до него ќе биде Ботас, сепак, во последните моменти, Ферстапен успеа да се вметне меѓу нив двајца. Непосредно пред тоа, возачот на Рејсинг Поинт, Серхио Перез го надмина Даниел Рикардо во Рено, и бидејќи Ферстапен блескаше во финишот, тие се преселија на четвртата и петтата позиција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) УЖАСНО – ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПРИЗОРИ, БОРЕЦ УМРЕЛ ВО РИНГОТ: Млад професионален борач примил незгоден удар и само паднал!

Веднаш се онесвестил, а противникот и судијата брзо забележале дека нешто не е во ред …