(ВИДЕО) Може ли полудо? 600 КС и полн гас низ пустина!

Од тимот на Кен Блок и Хуниган, навикнати сме на возбудливи акробации кои вклучуваат многу прецизно возење на моќни автомобили во невообичаени услови. Сега, објавена е целата верзија од серијата Гимкхана, под назив Терахана, бидејќи овој пат мајсторот зад воланот ја „возеше“ „фиестата“ на Форд од 600+ КС на многу тежок терен.
Како што објавија, ова пусто место во државата Јута во САД е една од омилените локации на Кен Блок. Сосема дивата природа со подлога која ја чинат макадам, песок и камења не го спречила возачот да покаже колку е вешт зад воланот на реликрос „форд фиеста“. Тркачкиот автомобил е модифициран да има погон на сите тркала и повеќе од 600 КС.
Заради тешкиот терен, тимот го избра ова место за првото шоу „Gymkhana on gravel” (Гимкана на чакал). Тие истакнуваат дека оваа локација е ултимативно „надвор од теренот“ затоа што е полна со искачувања за скокови, како и стрмни падини каде што било потребно да се одржи вистинската брзина за возилото на песокот да остане воопшто стабилно. Погледнете го видеото кое покажува како изгледа брзото, прецизно и бестрашно возење на предизвикувачки терен опкружен со драматична природа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска во Македонија се регистрирани 1085. нови случаи на Ковид 19: Починати се 12. лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани …